Екипи на „Водовод и канализација“ со теренски активности на неколку локации

Екипите на сектор „Водовод“ во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации: ул. „Лазар Личеноски“ бб, ул. „Диме Аницин“ бр.6 и ул. „Мариовска“ бр.2/22.

Вработени во секторот „Канализација“ спроведоа активности за расчистување на шахти, сливници и активности за одржување на атмосферската и фекалната канализација на територија на град Скопје во рамки на предвидениот план за работа и по барање на корисниците на услугите на претпријатието.

- Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците, велат од претпријатието.