Скопјанка го бара несовесниот велосипедист: Ја прегази баба ми во Тафталиџе и заминал

Скопјанка на социјалните мрежи сподели повик за помош да се пронајде лицето кое денеска несовесно постапило при несреќа во која настада 85-годишна бабичка.

- Денеска на тротоар на автобуска постојка во Татафталиџе 2 кај училиштето Братство, баба ми (85) е удрена од велосипедист, бидејќи дотичната личност (маж, помлад) колку што успеала да види, бидејќи е слепа на едното око, само ја кренал и ја прашал "дали те боли?" Иако на тоа му одговорила дека ја боли, на лице место ја оставил и си заминал при што успеала некако да стигне до City mall и паднала па со брза помош е донесена во 8ми Септември. Па ако може да го направиме статусов вирален да стигне до господинот кој воедно и го скршил колкот и ја чека тешка операција. Секако е пријавено во полиција, ама од тоа многу и не се надевам. Те замолувам доколку имаш малку совест, побарај ме. Фала Ви! - порача таа во својата фејсбук објава која вирално се шири на социјалните мрежи.