22-годишно момче тешко повредено во сообраќајна несреќа

Вчера, на крстосница од сервисни улици од ул.„Качанички пат“ и ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Едно лице се здоби со тешки телесни повреди.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 07.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисни улици од ул.„Качанички пат“ и ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од В.О.(22) од Скопје и патничко возило „Тојота“, управувано од А.Ч.(30) од Скопје, и двете  со скопски регистарски ознаки. 

По несреќата, дваесет и двегодишниот В.О. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.