Скопјани можат да здивнат, автобусите на ЈСП се пуштени во сообраќај

По вчерашните најави дека јавниот превоз повторно ќе биде прекинат, денес автобусите на “Јавното сообраќајно претпријатие“ Скопје се во редовен сообраќај.

-“ Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави утрово за МИА Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП „Скопје“.

Тој нагласи дека јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Изрази надеж дека ова ќе биде крај на, како што рече, сите недоразбирања и дека нема повеќе граѓаните да се занимваат со вработените на ЈСП „Скопје“, нивните работни обврски и плати.