Сѐ што можеше да се купи со пари, денес не вреди ништо...

Денес, и оној што го има најскапиот автомобил и оној кој воопшто нема автомобил – мора да седи дома.
Денес, и оној што има огромна куќа, но и оној кој живее во изнајмен стан – мора да седи затворен дома.
Денес, и оној кој има добра работа и оној кој нема работа – стравува од неизвесноста.
Денес, и оној кој е богат, но и оној кој е сиромашен – може да се зарази од вирусот. 

Сѐ што можеше да се купи и сѐ што досега купувавме – малку вреди. И од најскапиот телевизор доаѓаат истите вознемирувачки вести. И во најудобниот кревет и во најевтината постелнина се дочекуваат истите неизвесни утра. И во огромен стан и во трошна куќа – осаменоста е иста.

А што ни беше важно? На што го трошевме времето, здравјето, парите?

Љубовта, здравјето, мирот и врските кои ни даваат смисла во животот – не можат да се купат. А во вакво сурово и неизвесно време – само во нив можеме да најдеме некаква утеха. Автомобилите, становите, сметките во банка, комплиментите, брендираната облека – денес не можат да нѐ прегрнат, не значат ништо, не можат да нѐ охрабрат. 

Каде сме? Каде сум? Каде сте?

Кога ова ќе пројде дали почесто ќе се прегрнуваме или ќе покажуваме со прст едни кон други? Ќе простуваме или ќе бидеме злопаметила? Ќе подадеме рака или ќе го свртиме грбот? Дали и понатаму ќе бараме среќа само во материјални работи или во луѓето? Дали ќе сфатиме дека сѐ што денес го поседуваме и за кое можеме да ја кажеме цената, денес ама апсолутно ништо не вреди?

  • Блогдан