Шилегов: Зонско паркирање во Кисела Вода или Карпош ако има интерес кај граѓаните

Донесувањето на инвестициската програма на Градски паркинг е само во насока да се создаде законска онова за воведување зонско паркирање, ако тоа го побараат граѓаните, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.


Рече дека доколку се појави потреба или интерес на граѓаните од општините Кисела Вода и Карпош треба да има подготвена инвестициска програма, во случај граѓаните во текот на годината побараат воведување на зонско паркирање. Во спротивно, вели ако нема таква програма нема да може да им се излезе во пресрет на барањето.

- Советот на Град Скопје ја усвои инвестициската програма на Градски паркинг Скопје. Тоа не значи дека во Кисела вода или во Карпош се воведува зонско паркирање. Но, ако се случи да биде побарано од посочените општини, вклучително и Чаир, да се воведе зонско паркирање вие треба да имате законска основа, а тоа е инвестициска програма, истакна Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по потпишување Меморандум за изградба на колектори.