Зонско паркирање во Карпош и Кисела Вода

На четврта седница на советот на град Скопје, донесена е одлука за воведување на зонско паркирање со парична наплата и во општина Карпош.

Интересно е да се напомене, дека денес е точно 100 дена од доаѓањето на власт на овие два градоначалници. За 100 дена се што смислија овие двајца градоначалници за скопјани и карпошани е само зголемени трошоци.

Паркингот ќе се плаќа во Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4 и Влае.

Вакво ветување на граѓаните на општина Карпош немаше ниту Стефан Богоев ниту Петре Шилегов.

До редакцијата се јавија загрижени граѓани и истите потенцираа дека се целосно излажани од Стефан Богоев и СДСМ.Тие велат дека се воведува платен паркинг за да можат повеќе да крадат и да имаат повеќе пари за партијата.

Реагираа и дуќанџиите од Лептокарија кои се сериозно загрижени за иднината на нивните бизниси. Велат: „Таман ни тргна работата, Лептокарија е полна со гости и еве што не снајде“.

Градоначалникот Петре Шилегов бил критикуван од еден советник кој му потенцирал дека ќе ги разочара гласачите од општина Карпош, а тој му одговорил дека не му е важно дали ќе ги разочара затоа што после оваа функција пак ќе бидел адвокат.