Само триесет минути дневно можат да ви го променат животот

 

Главната причина за неуспех е недостатокот на трпение. Оваа причина, заедно со желбата веднаш до дојдеме до резултати и да ни се исполнат сите желби, се основата на повеќето неуспеси. А во реалноста, за успехот е потребно време. За голем успех е потребно многу време. Но, постои начин кој им помага на луѓето. Повеќето луѓе го знаат, но не го користат. Многу полесно е да чекаме работите да ни паднат од небо. Но, тоа никогаш не се случува. 

Затоа применете ја оваа теорија. Нејзината предност е во тоа што одговара за секоја ситуација и лесно може да се вклучи во секој распоред. Општата идеја е секој ден по половина час да одвоите за една мала работа, а потоа што повеќе ќе ја усложнувате, толку повеќе ќе се усовршувате. 

Изгледа многу едноставно, зарем не? Но, ќе бидете изненадени колку луѓе мислат дека е глупост, а никогаш не се ни обиделе да видат дали функционира. Можете, на пример, секојдневно да поминете половина час во читање. Глупост, зарем не? Но, на овој начин во рок од една година ќе прочитате 24 книги, а тоа е повеќе отколку што повеќето читаат во рок од 10 години. 

Половина час дневно можете да посветите учење на странски јазик или стекнување други корисни вештини. Стекнете темелно знаење за темите кои ве интересираат и стекнете искуство кое ви недостига. Искористете половина час од денот за го остварите својот животен сон. Правете го она што секогаш сте го одложувале за подоцна, поради недостаток на време. 

Применете го овој едноставен метод кој сигурно ќе ви донесе успех, а се вика „теорија на половина час“. По извесно време применување, во период од половина година, ќе погледнете назад и ќе се сетите од каде сте почнале, а до каде сте стигнале. Ќе бидете изненадени колку сте напредувале на вашиот пат и тоа за само 30 минути на ден!

И не заборавајте дека и со тоа правите многу повеќе од останатите!