Салата со урда, сусам и пченка

Празничната сезона е пред нас, а крем-салатите се нешто без кое не можеме да ја замислиме зимата.

Секако, не се најздравиот оброк кој можеме да го имаме, но не е страшно ако понекогаш си дозволите такво задоволство. 

Нашиот предлог е салата со урда, а ако сакате посолена, можете да користите иситнето сирење или пак, да ги измешате во сооднос 50:50 и се подготвува со овие состојки:

500 гр урда (или ситнето сирење или нивна комбинација)
100 гр потпржен сусам
130 гр пченка од конзерва
5 кисели краставички
100 гр шунка
Две лажици павлака
50 гр мајонез
Зачини

Подготовка:

Исецкајте ги состојките, пченката исцедете ја добро, измешајте се во урдата (или миксот), зачинете, ставете павлака и мајонез, добро измешајте и на крај, ставете го сусамот. 

Можете да ја посипете со сусам и одозгора. Во фрижидер ќе ви трае три дена, поради расипливите состојки. Веруваме дека оваа количина ќе ја изедете за пократко време.