Освежувачка салата со зелка

Пролетната зелка е тука, време е за вкусна салата. 

Според својата желба, исецкајте зелка во голем сад. Можете да мешате и црвена и бела зелка. 

Потоа, додајте една исецкана краставица, потпечени семки од сончоглед и тиква, па ставете наут од конзерва и исецкани две варени јајца. 

Сето ова можете да го зачините со копар и италијанска зачинска мешавина. Ставете балсамико оцет, маслиново масло и малку сенф. Додајте и маслинки. 

Измешајте и имате целосен оброк.