Приведени тројца крадци кои правеле „парче“ во Скопје

Полициски службеници привеле тројца малолетници од Скопје, кои се осомничени дека направиле неколку кривични дела.

Како што соопшти МВР, а 30.06.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи - ОКР Кисела Вода при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје.

- Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, кај нив бил најден мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“. Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела, од кои едното во обид, информира МВР.

Одземените предмети се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.