Полицијата фати крадци кои оперирале низ Скопје

Во текот на вчерашниот ден откако полицијата обезбедила докази биле уапсени и лишени од слобода Б.О.(35) и М.Ј(27) двајцата од Скопје поради сомневање дека сториле три кривични дела.

Имено осомничените во дури три наврати извршиле кражби и тоа на 13.09.2023 направиле кривично дело „кражба“, при што од женско лице одзеле мобилен телефон. На 04.10.2023 повторно извршиле „кражба“, при што од возило одзеле лап-топ компјутер и на 18.11.2023 тие извршиле „тешка кражба“ на дрзок начин, при што од жена одзеле чанта.

Како што соопштува МВР со двајцата е извршен службен разговор и по целосно документирање на случаите во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.