Обид за грабеж во скопска обложувалница

Минатата ноќ две лица се обиделе да извршат грабеж во скопска обложувалница.

- На 20.06.2023 во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул. „Тале Христов“, две лица со закана кон обезбедувањето влегле внатре, но не одзеле ништо, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.