Приведен скопјанец, криумчарел мигранти

Скопјанец бил затекнат додека илегално превезувал мигранти на автопатот Неготино – Демир Капија.

„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Г .Ц. (41) од Скопје. При преглед на патничко моторно возило ‘сеат леон’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г. Ц., биле пронајдени двајца илегални мигранти од Куба“, информираа од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициската станица Неготино и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.