Приведен скопјанец и битолчанец: Агресивно се однесувале со полицајци и го нарушиле јавниот ред и мир

Полицијата евидентираше два одвоени настани во кои скопјанец и битолчанец го нарушиле јавниот ред и мир и биле агресивни со полициските службеници. 

Во првиот настан, Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во 00.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази  Баба го привеле Б.П.(30) од Скопје затоа што на бензинска станица во с.Јурумлери, скопско, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во вториот настан, вчера во 21.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Прилеп, со привремен престој во Битола, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеници при извршување службени дејствија. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.