Кривична за Скопјанец, си направил доградба и надградба на објект лоциран на плоштад Скендербег

Поднесена е кривична пријава против Скопјанец поради тоа што на објект лоциран на плоштад Скедербег во Скопје си направил доградба и надградба без да поседува дозвола од општина Чаир.

Кривичната пријава е поднесена од страна на „Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје против лицето А.E. (67) од Скопје поради кривично дело „бесправна градба“ од чл. 244 а, од КЗ. Инвеститорот во овој случај, пријавениот знаел дека пред да се започне со било каква доградба и надградба на објект треба да се поседува одобрение за градба издадено од општина Чаир. Тој без да го добие ваквкото одоборение ја започнал и ја завршил доградбата и надградбата на објект лоциран на плоштад „Скендер бег“.

А.Е. постапил спротивно на чл. 56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба“ по чл. 244-а, во коешто е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон“, се вели во соопштението на МВР.