Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“ најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици до крајот на мај.
-Тоа што го имавме како постапка беше прекинато двапати затоа што имаа недостатоци во документацијата. Сега им е целосна документацијата и очекувам наскоро да се надмине проблемот. Очекувам тоа да биде кон крајот на месецов“, кажа Арсовска.
Скопје има проблеми во јавниот превоз повеќе од пола година.