Приказна за ветрот и сонцето

 

Еден ден ветрот и сонцето се скарале околу тоа кој е посилен.

Ветрот рекол: „Ќе ти докажам дека сум стопати посилен од тебе. Го гледаш ли оној старец во полето? Се обложувам дека ќе му го соблечам капутот пред тебе.“

Сонцето на тие зборови се сокрило зад облакот, а ветрот почнал да дува со голема сила. Колку посилно дувал ветрот, старецот толку посилно го стискал капутот. 

По некое време, ветрот се смирил, а сонцето излегло зад облаците, па со топли, пријателски сончеви зраци го загреал старецот. По некое време, на старецот му станало топло и го соблекол капутот. 

Тогаш сонцето му кажалo на ветрот дека љубезноста и добродушноста се секогаш посилни од принудата и гневот.

Затоа, секогаш избирајте да бидете сонце.

Езоп