Приказна за токсичноста и интелигенцијата

 

Во едно место каде живееле зајчиња, се вовлекла една змија. Тие се исплашиле, но таа набрзо ги смирила:

„Не плашете се од мене, јас сум толку осамена, немам пријатели и би сакала да се дружам со вас. Јас сум мудро суштество и имам многу нешта да споделам со вас.“

Тие го прифатиле ова и почнале да комуницираат со змијата. Цела вечер ја поминале разговарајќи, а потоа змијата каснала еден зајак и си заминала Следниот ден се вратила и им рекла: „Ние сме пријатели и мораме да се прифаќаме такви какви што сме. Јас сум змија, во природата ми е да касам. Но, ќе се обидам повеќе да не го правам тоа.“

Тие повторно се согласиле и повторно се повторила истата ситуација. Змијата им раскажувала мудри приказни на зајчињата, а потоа каснала уште еден од нив и повторно си заминала.

Кога змијата се вратила, влезот во зајачката дупка бил блокиран со камен. Змијата долго време ги убедувала зајчињата да се смират, но тие не се согласиле.

„Во светот на будалите, паметниот е секогаш осамен“, шушкала змијата и си заминала, навредена од предавството на пријателите.

Поука:

Ваквите интелигентни токсични луѓе можат да свртат сè во своја полза. Ако те повредат еднаш, дури и ако се најпаметните суштества на светот, никогаш повеќе не ги пуштај во твојата дупка.