Приказна за рамнодушноста...

Еднаш ѓаволот решил да ги продаде сите инструменти што ги поседувал. Уредно ги ставил на видно место за да можат сите да ги видат. Колекцијата била импресивна. Таму се наоѓал блескавиот убод на Зависта, а покрај него се наоѓал шрафот на Гневот, а на другата полица лежеле отровните стрели на Алчноста. Сите останати орудија биле таму, а покрај секое од нив била наведена и цената. 

А на најубавата полица се наоѓал еден мал, дрвен клинец, на кој пишувало Рамнодушност. Цената за ова оружје била највисока. Еден минувач изненадено застанал и го прашал ѓаволот зошто Рамнодушноста е најскапа. 

Тој кажал: „Ова оружје го ценам највеќе од сè, затоа што тоа е единственото оружје на кое можам да се потпрам во случај другите да откажат. Ако ми успее да го внесам овој клинец во главата на човекот, тој ми отвора врата за сите останати оружја кои ги имам....“