Приказната за јаболкото или кога вашиот труд со години се зема здраво за готово

Често се случува една добра, одговорна и искрена личност да се труди, а ретко или воопшто да не добие благодарност и признание. Многумина така го користат вложениот труд и бараат уште повеќе, а притоа не ги забележуваат заслугите на личноста. За тоа и зборува оваа приказна. 

Во една градина растела една јаболкница. Дрвото веќе било старо. Иако ѝ било многу тешко, јаболкницата, секоја година давала многу плодови. Без оглед на тоа дали летото било дождливо или имало суша, или на кората се појавиле штетници или пак можеби и самата година била неплодна – јаболкницата секогаш била полна со плодови. 

Децата трчале и ги береле нејзините румени јаболки. Домаќинот доаѓал и полнел огромни корпи со нејзините плодови. Домаќинката од јаболките правела вкусен џем и прекрасни и вкусни пијалоци. Јаболкницата ги сакала своите газди и се трудела најмногу што може, но не ѝ било сеедно тоа што никој ѝ нема кажано благодарам. Никој никогаш не ѝ се заблагодарил. Луѓето не ни помислувале колку ѝ е тешко секоја година да биде толку плодна. А потоа во посета дошол некој далечен роднина, некој стар мудрец. Дрвото помислило дека е вистински час да постави прашање.

Кога ѝ пришол на јаболкницата, таа го прашала старецот: 

„Кажи ми мудар човеку, зошто толку години немам добиено ниту еден збор благодарност од моите домаќини? Секоја година им давам многу вкусни јаболки. Ги јадат со задоовлство, а никогаш не ми рекле ни едно обично „благодарам“?“

„Јаболко, па тоа е едноставно. Тие луѓе мислат дека ти не можеш да не им дадеш јаболки. Едноставно – мораш.“

Многу напори се земаат здраво за готово. Често е залудно да се очекува благодарност. Иако давањето е награда сама по себе, со текот на времето избирате каде ќе ја дадете енергијата и дали таа се цени. Затоа што некои луѓе само земаат и користат. 

Можеби оваа приказна некому ќе му даде идеја како е време да сврти нов лист. 

Дури кога нешто ќе се изгуби, макар и привремено, дури тогаш човек почнува да го цени тоа.