Пред депонијата Дрисла се преврте камион со ѓубре, возачот итно пренесен во болница

Камион полн со ѓубре се превртел денска на патот кој води кон депонијата Дрисла. Очевидци за „Слободен печат“ велат дека камионот се излизгал на патот.

Како што може да се види од видеата, по патот се растурени вреќи на ѓубре, а селските кучиња дополнително го растураат. Екипа од МВР е на лице место и врши увид.