Магично, денеска, проработе рендген апаратот

После десетина дена надвор од функција, апаратите за рендген се поправени преку ноќ, објави Фактор.

 Рентген апаратот на Клиниката за Хирургија моментално е поправен и е достапен за пациентите, а ваквата информација беше потврдена и од директорката на Клиниката за институтот за радиологија, д-р Гордана Антулеска Белчевска, како и од вработените на шалтерот за прием во оваа институција.

За жал, апаратот за рендген кој се наоѓа во Институтот за радиологија, уште е расипан. До кога, уште не се знае.

Инаку, Институтот за радиологија во текот на ова лето е постојано во фокусот на јавноста. Кон крајот на јуни тешко болни пациенти се пожалија дека резултатите од направените снимања, компјутерска томографија и магнетна резонанца не им се прочитани со месеци. Сега, пак, потребните рентген снимања кои мора да ги направат заради точна дијагностика, а следствено на тоа и точно одредување терапија,  мора да одат или во ГОБ „8 Септември„ или пак во старата градска болница. На оние кои им дозволува буџетот, снимки прават во приватните здравствени институции.