Посна торта со банани

Посните рецепти можат да бидат подеднакво вкусни како и оние кои содржат во себе млеко и јајца. 

Ова е еден таков пример.

Состојки:

1 л вода
50 гр кокос 
350 гр шеќер 
4 кесички пудинг од ванила
375 гр маргарин
1 кг банани
300 гр кршени посни бисквити

Подготовка:

100 гр од шеќерот и целиот кокос, се мелат во блендер, за да добиете прав. Потоа се вари пудингот во кој се става преостанатиот шеќер и шеќерот во прав со кокос.

Откако се излади се бие со маргаринот и се додаваат бисквитите. Во калап се става најлонска кеса или алуминиумска фолија, па се истура половина од смесата и се реди ред со кругови банана. Потоа се додава преостанатиот фил со бисквити. Се става во ладилник убаво да се стегне и да омекнат бисквитите.

Потоа се сече и декорира со посно чоколадо или со посен чоколаден прелив.