Решение за потемнетите банани: Наместо да ги фрлате, направете колач во тава

Бананите, се чини, од зрели до потемнети, стануваат за неколку часа. Некогаш, кога купуваме поголема количина, всушност на крај фрламе дел од нив. Но, многу рецепти веќе вклучуваат вакви банани, меѓу кои и популарниот леб или палачинки. 

Ние ви предлагаме тоа да биде колач направен во тава. 

Состојки:

Две банани
Едно јајце
100 гр шеќер
130 мл млеко
160 гр брашно
40 мл масло
Едно пециво
Екстракт од ванила

Подготовка:

Во тава за пржење ставете малку масло, па посипете со две лажици шеќер и наредете ги бананите сечени на кругови. 

Настрана изматере јајца, шеќер, ванила, млеко, масло и пециво. Ставете го брашното, измешајте и ставете врз бананите. Поклопете и ставете на тивко да се готви. 

Кога ќе биде готов, превртете го на сад за сервирање и кога ќе се излади целосно, сечете на коцки и послужете.