Порака на денот: Кога знаеме кои сме и што сме, никој не ни може ништо

Животот е едно интересно патување за сите нас.

Photo by Ruben Ramirez on Unsplash

Сите имаме различни искуства, различен начин на воспитување, а и карактер.

Често, нормите и општествените правила играат голема улога во тоа. Но, најважно е да научиме кои сме, да го прифатиме тоа, да работиме на подобрување и да чекориме по својата патека во животот.

Тоа значи препознавање на својата автентичност. Ние не сме и не мора да бидеме исти како другите луѓе. Имаме свои вредности, верувања и страсти. Кога ќе го препознаеме тоа, важно е да најдеме храброст во себе и да си дозволиме да се прифатиме себеси без сите оние дефиниции кои ни се наметнати од другите.

Во таквото патување и себеприфаќање, наоѓаме слобода. Се оддалечуваме од стегите, не нè интересираат тогаш дефинициите и етикетите, ние сме свои. 

Кога знаеме кои сме и што сме, ние во себе препознаваме огромна сила. Тоа е светлината која нè води напред и нèпоттикнува да работиме на себе, да бидеме подобра личност од онаа којашто сме биле вчера и да ги инспирираме другите да го направат истото.

Кога сме свои, самоуверени и силни, привлекуваме и слични луѓе до себе. Градиме цврсти врски и односи, кои исто така се почитуваат себеси и со кои можеме да водиме длабоки разговори, да си дадеме поддршка и да постигнеме меѓусебно прифаќање и разбирање. 

Кога знаете кој сте, свесно и автентично се занимавате со сегашниот момент. Внимателно живеење ви овозможува да уживате во искуствата во животот, да ја цените убавината во едноставноста и да најдете радост во патувањето наместо да се фиксирате на далечни дестинации.