Попова кон градската опозиција: Не ја манипулирајте јавноста за Универзална сала, туку признајте ја грешката

Ирена Попова, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вчера одржаната седница на советот, по однос на извештајот за минатата година од последната година од мандатот на претходниот градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов вели: 

-Кога ќе го отворите деталниот извештај како прво да не забележите дека како ставка за минатата година е предвидена набавка на деловен објект за потребите на Град Скопје. Колегата праша каде се парите од градската куќа, ако ова ставка беше реализирана ќе знаевме каде се парите, но за жал претходниот градоначалник нешто што беше направено во завршна фаза, во фаза на преселување бидејќи во буџетот од 2017та година пари за префрлување на администрацијата во Градската куќа, до таа фаза беше сигнат градот Скопје. За жал овие вработени, оваа градска администрација се казнија и се оставија во овие бараки за кои сите ние знаеме од кога се. Градската куќа се продаде а парите ги нема, вели Попова, по однос на точката на дневниот ред за извештајот од последната година од мандатот на претходниот градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов.

Попова додаде дека извештајот е идентичен како од претходните четири години кога Шилегов бил на функцијата градоначалник.

-Четири години прашуваме парите каде се како тогашни советници од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, но за жал ниту еден одговор не добивме. Не добивме ниту со овој извештај за последната година од мандатот на Петре Шилегов. Во извештајот гледаме само нули, среќа што некој пред него нешто сработил, но еве ние како сегашен совет имаме можност тие грешки да ги исправиме, рече таа.

Во однос на реконструкцијата на Универзалната сала, Попова смета дека лицемерно е советниците од СДСМ да држат изјави да прашуваат до каде е реконструкцијата на истата и да ја манипулираат јавноста.

-Кога зборуваме за овој извештај кој што е идентичен со сите други четири годишни кои што имавме можност да ги гледаме, не можете да не ја забележите Универзална сала и навистина не можам да се изначудам кога некој од градската опозиција држи прес пред Универзална сала и прашува зошто не продолжуваат работите. Ако сакате да се наречете конструктивна опозиција, не само што ја плативте цената на изборите и катастрофално ги изгубивте, треба даги признаете грешките, а не да продолжувате со манипулација на јавноста, истакна Попова.

Во однос за секторот економски локален развој Попова вели дека има комплетно промашување во однос на реализација.

-Лицемерно е да се доделуваат пари за инвертер клими на граѓани кои што тоа не го заслужуваат од страна на владата, а владата сега во ек на енергетска криза во која се наоѓаме да зборува дека општините и градот Скопје треба сам да се справува, децидна е Попова.