Поликлиниката Букурешт, улиците Варшавска, Прашка, Атинска, Римска именувани во чест на европската помош по земјотресот

Секоја година 26-ти јули нѐ потсетува на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина.

-Скопје ќе продолжи да ја слави меѓународната солидарност. Многу улици и објекти ги носат имињата на европските земјите кои придонеле за обновата на градот, пишуваат од „Europe House Skopje“. 

На пример, поликлиниката која е донација од Романија, го носи името Букурешт. Музејот на современата уметност, изграден од страна на Владата на Полска и архитекти од Полска. Многу улици во Скопје денес ги носат имињата на европските градови како Варшавска, Прашка, Атинска, Римска, кои помогнале градот да застане на нозе и да стане симбол на солидарноста.