Плескавици од компир полнети со кашкавал

Ако сте љубител на компири, овој рецепт е нешто што морате да го подготвите. 

Потребни состојки:

800 гр компири
300 гр свежи печурки
200 гр брашно
50 гр пармезан
100 гр кашкавал
Едно јајце
Едно чешне лук
Магдонос
Маслиново масло, сол и бибер

Подготовка:

Пропржете го лукот, па додајте ги печурките и зачинете со сол и бибер. Покријте го тавчето и гответе 10 минути. Потоа додадете магдонос и оставете го уште малку на оган.

Излупете ги компирите и направете пире од нив. Додадете го брашното, пармезанот, сол, бибер, јајце и измешајте ја добро смесата.

На работната маса наросете малку брашно, ставете ја одозгора смесата, измазнете ја со сукало и сечете кругови со калап или чаша. 

Во секој круг додадете малку од зготвените печурки и ставете малку моцарела. Покријте со уште едно кружно парче од смесата и притиснете нежно од страните за да се прицврстат, а потоа ставете ги на тавче со малку маслиново масло.

Оставете ги 5 минути од едната и од другата страна да се зготват добро и послужете ги топли.