Карфиол со павлака за готвење и кашкавал

Карфиолот е зеленчук со кој можете да подготвувате одлични рецепти и да уживате во прекрасниот вкус. 

Состојки:

1 кг карфиол
4 јајца
400 мл хопла за готвење
100 мл млеко
200 гр рендан кашкавал

Подготовка:

Исечете го карфиолот на помали цветови. Сварете ги во зачинета вода и потоа додека се уште топли, наредете ги во тава за печење. 

Прелијте со мешавината од хопла, млеко и јајца, добро зачинета по вкус. Печете 30 минути на 200 степени. Потоа, ставете го ренданиот кашкавал и вратете во рерна. Исклучете ја, за да може кашкавалот само добро да се стопи врз карфиолот.