Крокети од компири со кашкавал

Кашкавал, зденка, сирење - на вас е да изберете со што ќе ги полните овие крокети. 

Состојки:

500 гр компири
Едба лажичка сол
Пет лажици брашно (+ дополнителни 125 гр)
Кашкавал (сирење, зденка...)
Лебни трошки
Две јајца
90 мл млеко

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во зовриена вода да се варат, а потоа процедете и изгмечете ги додека се уште топли.

Во изгмечените компири додадете една лажичка сол и 5 лажици брашно и добро измешајте.

Во друг сад изматете ги двете јајца со малку сол, а потоа додајте 90 мл. млеко и 125 гр. брашно и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Од смесата со компир формирајте топчиња, па во средина ставете едно парче кашкавал. Топчињата оставете ги во фрижидер да се стегнат околу половина час, а потоа извалкајте ги во смесата со јајца, па во презла и пржете ги во загреано масло од 3 до 5 минути.