Пита со фил од печурки

Можете да ја подготвувате со обични или со интегрални кори за пита, а може и да ги комбинирате, за поуникатен вкус. 

Состојки:

500 гр кори за пита
Еден прашок за пециво
Три лажици масло
Газирана вода
Сол
400 гр свежи печурки
Млад кромид
100 гр кашкавал
Зачини

Подготовка:

Печурките исецкајте ги на парчиња со различна големина. Младиот кромид исто исецкајте го на коцки. Најпрво пропржете го кромидот, па ставете ги печурките. Зачинете откако ќе испари најголемиот дел од течноста од филот. Кога ќе се изладат, измешајте со рендан кашкавал. 

Направете смеса од газирана вода, масло и прашок за пециво и ставете сол во неа. 

Земете две кори, една врз друга, попрскајте со смесата од минерална вода и масло, ставете уште една кора, па по должина ставете од филот со печурки. Завиткајте како ролат и редете во намастена тава со маргарин или путер. 

Откако ќе ги направите ролатите, во смесата со вода и пециво можете да ставите малку кечап и да премачкате врз питата. Исечете ги напречно, за да добиете помали ролати.

Печете на 200 степени околу 20 минути и покријте со подебела крпа додека е топло, за корите убаво да омекнат.