Печени компири со бело вино

Компирите се намирница која ни дозволува да бидеме многу креативни со рецептите. Ако ви се здосадени обичните помфрит, варен или печен компир, обидете се да го направите со бело вино на овој начин. 

Состојки:

750 гр компир
2 лажици маслиново масло
200 мл суво бело вино
5 гранчиња мајчина душица
сол, бибер 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот исецкајте го на мали парчиња, а потоа префрлете го во сад, прелијте го со маслиново масло, посолете, додадете бидер и измешајте.

Компирот наредете го во длабок, подмачкан плех за печење. Прелијте со вино и распоредете ги гранчињата мајчина душица.

Печете 15-20 минути. Кога виното ќе испари, компирот многу брзо ќе стане крцкав, па внимавајте да не ви загори.