Печен компир поради кој ќе заборавите на помфритот

Помфритот е омилен додаток на јадењата, но се пржи во голема количина масло и не треба да се консумира пречесто. 

Но, постои трик со кој ќе направите печен компир, кој има дури и подобар вкус од помфритот, а сепак не содржи толку масти. А зачините кои ќе ги додадете, ќе направат да биде уште повкусен, па дури и како засебен оброк. 

Состојки:

4 поголеми компири
30 мл масло
Една лажичка мелен ким
Малку мелен коријандер
Малку бибер
Еден кромид
Мало парче ѓубир (или половина лажичка во прав)
Половина лажичка кари зачин
Крупна сол 
150 гр младо сирење
Магдонос

Подготовка:

Излупените компири исечете ги на парчиња по желба. Ставете ги во подлабок сад и прелијте со масло. Додавајте ги зачините и добро мешајте, за секое парче да биде зачинето. 

Печете во рерна (загреана на 200 степени) врз хартија за печење. По 15 минути врз компирите ставете го исецканиот кромид и вратете во рерна. После 15 минути додадете го и сирењето исецкано на коцки. Кога ќе се стопи и кога компирите ќе бидат готови, оставете малку да се оладат и посипете со ситно сецкан магдонос.