Печена или пржена риба - Како да ја подготвите?

Што треба да знаете при подготовката на рибата, особено во пресрет на празникот Свети Никола, кога речиси секое макеоднско семејство приготвува риба за ручек. 

Рибата е лесна за подготовка затоа што скоро никогаш не може да изгори или да се препече.

Златната или кафеавата боја што ја добива при крајот на готвењето е знак дека може да се послужи. На вас останува да се одлучите дали тоа ќе биде печена или пржена риба. Слободно додадете зачини, зеленчук, парчиња лимон. 

Секое филе риба е одлично за да се подготви во фурна или рерна. Овој начин на подготовка на риба е можеби и најлесниот. Премачкајте ја тавата со масло и оставете ја во рерна да се пече рибата 10 минути на 230°C. Можете да додадете и зеленчук, затоа што зеленчукот ја одржува рибата сочна, а зачините ќе додадат на вкус. За овој начин на подготовка може да употребите алуминиумска фолија.

Пржењето на рибите им дава посебна крцкавост. Се што ви е потребно е нелеплива тава и масло. Гответе го секое парче риба 4 до 5 минути од секоја страна.