Посна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на риба

На Бадниковата вечер, неизоставен дел од свечената трпеза е и рибата. За да ги изненадите и да ги задоволите членовите на вашето семејство, денес ви прикажуваме 3 нови рецепти за подготовка на шкарпина, лосос и ослич. Погледнете ги во продолжение и инспирирајте се за вашите подготовки за бадниковата вечер.

Рецепт за морски пајак со вино

Потребни состојки:

  • 1 килограм морски пајак

  • Лимон

  • 100 милилитри маслиново масло

  • 200 милилитри бело вино

  • 500 милилитри вода

  • 3 чешниња лук

  • Сол по ваш вкус

  • Ловоров лист

  • Рузмарин

  • 1 килограм компири

Начин на подготовка:

1. Исчистете ја рибата, измијте ја и врз неа исцедете лимонов сок, па оставете ја да отстои најмалку половина час, а потоа малку посолете.

2. Во тавче или огноотпорен сад ставете малку масло и ставете ја подготвената риба и компирот исечен на поголеми парчиња. Печете во претходно загреана рерна на 220 степени.

3. Подгответе го сосот: Во сад ставете маслиново масло, вино, вода, лук, ловоров лист и рузмарин. Сите варете ги, а кога рибата и компирот ќе бидат половина испечени, прелијте ги и оставете ги уште половина час во рерната на 220 степени.

Подготовка на лосос во сос со шафран

Потребни состојки:

  • 4 филети лосос

  • 2 моркови

  • 2,5 децилитри немасна павлака за готвење

  • Малку шафран

  • Малку темјан или рузмарин

  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени, исчистете ги морковите и исечете ги на тенки тркалца.

2. Во павлаката додајте шафран и темјан.

3. Подмачкајте го садот, ставете ги морковите на филетите лосос, па потоа додајте им сол и бибер по ваш вкус, а врз сето ова прелијте со зачинетата павлака и ставете во рерна.

4. Печете околу 15-тина минути. Најдобро е да сервирате со варен зеленчук по ваша желба.

Подготовка на сицилијански ослич

Потребни состојки:

  • 1 килограм ослич

  • 1 глава кромид

  • Сол

  • Зачин од билки

  • Бибер

  • Масло

  • Бело вино

Начин на подготовка:

1. Смрзнатата риба исчистете ја и исечете ја на парчиња.

2. Испржете го кромидот на малку масло, па одозгора ставете ги парчињата риба, додајте сол, други зачини по ваша желба, масло и околу 200 милилитри вино.

3. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте во вечерата со вашите најблиски!