„Паркови и зеленило“ ги чистат каналите во Градски парк

Се чистат каналите во Градски парк, информираат од ЈП Паркови и зеленило-Скопје. 

- Нашите теренски екипи денес вршат сечење на самоникнатата вегетација од каналите во Градски парк. Оваа активност не само што ја зголемува естетската вредност на паркот, туку и придонесува за подобар живот на водниот свет што живее тука, информираат од претпријатието.