Да не се фрлаат отпадоци во каналите и езерцата во Градски парк, повикаа надлежните

Од ЈП Паркови и зеленило-Скопје информираа дека нивните теренски екипи ги исчистија каналите и езерцата во Градски парк и ги поткастрија околните гранки, па сега тие повторно се наполнети со вода.

Оттаму упатија апел граѓаните да бидат одговорни! 

- Апелираме до сите посетители на Градскиот парк да не фрлаат отпадоци во езерцата и да го почитуваат комуналниот ред, порачаа од јавното претпријатие. 

Исто така, од Паркови и зеленило информираа дека во пресрет на пролетта ги реализираат активностите за одржување на зеленилото по десното течение на кејот на Вардар.