Огромна риба „толстолобик“ извчечена од езерата во градскиот парк во Скопје

Верувале или не, огромна риба „толстолобик“ која најчесто се наоѓа во Охридското Езеро, денеска била извлечена од езерцето кај кафулето „Централ Парк“ во градскиот парк во Скопје.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои неколку дена го чистат езерцето, објавија фотографии со рибата на социјалната мрежа Фејсбук. Како што се гледа на видеото по документирање на случајот тие рибата ја ставија во кајак наполнет со вода, па по прочистувањето на езерцето ќе биде повторно вратена.

Инаку овој тип риби освен во Охридско Езеро, ги има и во Крушевско Езеро и во други акумулации низ државава.