Пановски: Кај нас има два проблема, нема вакцини и нема кандидати за вакцинација

Докторот Никола Поновски во интервју за Скопје Инфо, одговара на најклучните прашања, за она што периодов се случува во светот и во Македонија. 

Додека во светот и во соседството луѓето масовно се вакцинираат, во Македонија се уште нема вакцини. 

- Од она што го гледаме во Израел, САД, Велика Британија итн,  па и од малиот број на здравствени работници кај нас, кои ја примија првата доза на Фајзер и по 3 недели се тестираа  за антитела,  резултатите се фасцинантни. Инфекциите без симптоми се намалени за 67%, со симптоми за 90%,  а хоспитализацијата и смртноста е намалена за 100%. Значи има позитивни и лесно болни, нема тешко болни. Нема постковид инвалиди, ниту умрени. Кај нас само првата доза на вакцината дава високи вредности на заштитни антитела. Значи, очекувам огромна помош од вакцинацијата во светот во побрзото завршување на пандемијата, спасување на компликации и смртност од ковид. Кај нас има два проблема, нема вакцини и нема кандидати за вакцинација. Бројот од 130.000 пријавени лица за вакцинација е многу мал, така да и ако почне вакцинацијата во април, со да речеме 150.000 вакцинирани, ќе спасиме едно 1000 до 1500 лица од компликации и смрт, но времето кое го предвидов од 6 месеци за колективен имунитет нема многу да се скрати. Освен тоа, ако одзивот остане вака мал, па дури и да се удвои, што ќе фрлиме едно 1,5 милиони вакцини кои сега ги имаме на хартија, ама кога нема да ни требаат, бидете сигурни дека ќе пристигнат. Во пари, иако било тајна, тоа се најмалку 30 милиони евра, вели Пановски. 

Тој вели, Досаден сум, но повторувам, издржете! Особено за оние кои се подвижни, порака, излезете на воздух и сонце, не одете по гости, не одете во кафулиња и ресторани во затворен простор, бидете на отворено, максимално проветрувајте, користете квалитетни маски.