Д-р Пановски: Во Македонија се живее како да нема корона

Според познатиот микробиолог д-р Никола Пановски смета дека, додека трае летниот бран на вирусот, младата популација не носи маски, оди на забави и журки, а рестораните се преполни.

Тој на хронично болните лица им препорачува да избегнуваат гужви и во затворен простор да носат маски.

Пановски вели дека нема потреба и од дневна статистика, колку се заразиле, колку починале, оти не е само короната има и други болести посериозни.

-Хронично болните лица да избегнуваат гужви, особено во затворен простор и да практикуват кога има потреба да носат маски. Во Македонија се живее како да нема корона, особено младата популација која не само што не носи маски, тие одат на забави, рестораните се полни, смета Пановски.

Според него летово луѓето оболуваат од вирусот, но за тоа не дигаат паника го прифакаат тоа, а така треба да се прифати и секоја болест.