Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека за време на новогодишните и божиќните празници, поточно на 1.1.2024 (Нова година) и 8.1.2024 (прв ден Божик) на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП “Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата се вели во соопштението на ЈП “Градски Паркинг“
Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:
- Зона А0- Водно,
- Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и
- Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.