Пановски за Фокус: Мајмунските сипаници се повеќе интересни за медиумите отколку што се опасни

Во земјава досега немало случај на мајмунски сипаници, а со оглед на малата раширеност во светот и потенцијалните ризици немало потреба ниту од развивање вакцина, вели за „Фокус“ микробиологот доктор Никола Пановски.

-Мајмунските сипаниците не се шират како грип и нема потреба од мерки, особено што има само 20 заразени во Британија, јас повеќе ги гледам како интересни за медиумите или дефокус од реалните проблеми отколку сериозна закана. Не се ниту смртоносни ниту премногу опасни како Вариола вера на пример. Единствено што може да остават белези по телото. Лани имало само двајца заразени во САД, додава тој. 

Пановски вели дека веќе ни ковидот не е меѓу најризичните болести во светот, повеќе починати имало од респираторен синцицијален вирус (RCV) поточно според статистиките над 100.000 деца починале од овој висрус во светот.