Отворен пункт во Скопје за собирање помош за поплавените подрачја

Откако страшно невреме го зафати Скопје синоќа во кое има 15 жртви, дел од граѓанските активисти се организираа да им се помогне на граѓаните во поплавените подрачја.

Дел од нив на социјалните мрежи споделија дека во 13 часот пред Веро Центар се прави пункт за собирање помош за поплавените подрачја.

– Секој што може да придонесе, нека помине – пишува во упатениот апел до граѓаните.