На скопскиот плоштад отворен пункт за помош на настраданите семејства во Турција и Сирија

На плоштадот Македонија во Скопје од вчера попладне е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите во страотните земјотреси што вчера ги погодија Турција и Сирија. 

Граѓани, компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата што во земјотресите останаа без ништо.

Пунктот ќе биде во фунцкија се додека е потребно, а скопјани масовно донираат согласно своите можности.

Скопје уште еднаш докажува дека е град на солидарноста, подготвен да помогне секому кој има потреба за тоа.