Ништо не трае вечно, дури ни тешките времиња...

 

Ништо не трае вечно. Тоа значи дека ниту тешкотиите, ниту болката низ која поминувате нема да останат засекогаш. Тоа значи дека ќе најдете начин да се излекувате. Животот има свои годишни времиња, едно по друго доаѓаат и си одат. Можеби се чувствувате како да нема да ја преживеете оваа сезона на болка и борби со кои се соочувате, но навистина ќе ги преживеете. Како и годишните времиња од животот, така и вашите околности ќе се променат. Овој период на промени нека ве натера да ја сфатите вашата внатрешна сила, неверојатната сила на вашето срце.

Ниту една тешкотија не може да остане засекогаш. Она низ што моментално поминувате, она што ви е претешко, еден ден ќе го измијат брановите на животот. Дајте му малку време на животот. Исто така, дајте му малку време на вашето срце, да ги обработи промените што се случуваат, да се надева и повторно да почне да верува.

Верувајте дека од другата страна на сето ова е нов почеток, дека ве очекува ново поглавје од вашиот живот.

~ Диман