Некои луѓе можеме да ги сакаме, но никогаш нема да можеме да им помогнеме

Постојат луѓе кои можеме да ги сакаме, но не можеме да им помогнеме.

Photo by Lina Trochez on Unsplash

Тоа се оние кои постојано, во секоја ситуација се гледаат себеси како жртви. За нив, животот можеби не бил розова бајка во одреден период од нивниот живот, но тие сè уште живеат со мислата дека сè е против нив. Секогаш некој друг е виновен за нивната мака. 

Дајте им чаша вода, за нив таа нема да биде доволно студена или доволно питка. Ако им кажете колку е часот, тие ќе ви кажат дека тие се жртви бидејќи вие имате часовник, а тие немаат. Веројатно веруваат и дека никогаш нема да имаат, а за нив вие сте виновни. Некогаш, за жал, овие луѓе се дел од нашето блиско опкружување и не можеме да го промениме тоа. Тоа се некогаш наши браќа и сестри, родители или пак пријатели од детството. 

Не можеме да избегаме од нив, но она што треба да го сфатиме е дека не можеме да им помогнеме, ако тие не сакаат да си помогнат себеси.