Негативните луѓе се присутни во твојот живот затоа што ти им го дозволуваш тоа

Во последно време забележувам нешто во животот на луѓето кои ги сакам. Тоа се нивните секојдневни борби кои ме фрустрираат и болно е да ги гледам.

Тоа се оние ситуации кога се жалиш на безвредниот маж, а и понатаму мислиш на него. Кога си вознемирен поради некој пријател кој е лош кон тебе, а сѐ уште одиш на ручек со него. Кога и натаму наоѓаш изговори за членовите на твоето семејство кои те малтретираат само затоа што сте крвно поврзани.

Негативните луѓе се присутни во твојот живот затоа што ти им го дозволуваш тоа.

Од една страна те разбирам.

Не е лесно да престанеш да сакаш некого, дури и ако те повредува тоа. Не постои прекинувач кој можеме да го стиснеме и едноставно да престанеме да сакаме.

Тоа е макотрпен и збунувачки процес. Нема вистински начин за заминување.

Но, мора да го сфатиш тоа, мораш да го прифатиш тоа и да го кажеш на глас.

Негативните луѓе често и не знаат дека се негативни. Тие се емоционални вампири кои го истиснуваат животот од тебе.

А ти и натаму наоѓаш изговори за нив. Пронаоѓаш изговори поради кои ќе се обвиниш себеси или некоја ситуација во која се наоѓаш.

Да, тоа најчесто е една сива зона, но не можеш постојано да презимаш одговорност за луѓето кои ти нанесуваат болка.

Заслужуваш луѓето да се однесуваат кон тебе со почит и љубезност. Верувај ми дека го заслужуваш тоа. И во ред е да го кажеш тоа на глас.

Сосема е нормално да го бараш она што го заслужуваш.

Сосема е нормално да процениш кои односи заслужуваат место во нашите живот.

Сосема е нормално да признаеш дека сакаш нешто повеќе од она што моментално го имаш.

Сакам да го знаеш тоа.

Сакам да знаеш имаш слобода да ги напуштиш луѓето кои не те заслужуваат.