Наместо туристичка атракција Скопскиот аквадукт се "дави" во ѓубре

Наместо да биде една од главните туристички атракции Скопскиот аквадукт буквално се “дави” во ѓубре. Имено во текот на минатата недела од страна на ЈП Комунална Хигиена биле подигнати 50 кубни метри непрописно одложен градежен, кабаст и мешан комунален отпад.

Од јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираат дека нивните екипи во координација со Град Скопје реализирале активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт.

За таа цел на терен биле биле ангажирани десет работници, додека од механизација биле употребени две специјални комунални возила – патарки и подигнувач-багер.