Мезе со похована боранија

Ако не сакате боранија, овој рецепт ќе ве разубеди во тоа. 

Состојки:

250 гр зелена броанија
Две јајца
200 гр лебни трошки
Зачин по желба

Подготовка:

Боранијата се мие, чисти и се става да се свари заедно со зачините. Откако ќе се свари се цеди.
Јајцата се матат со вилушка. Се зема парче-мешунка од боранијата се макнува во јајце, презла и се пржи на загреан зејтин додека зацрвени од двете страни. Се служи со павлака.
Ако немате зелена боранија може да се користи и жолта.